Ладно утро во Македонија, на повеќе места има појава на слана и на мраз

Денешното утро 28 Јануари 2026 среда во Македонија имаме ведро и ладно време со температури кои на повеќе места се за неколку степени под нулата  и има појава на слана  и на мраз. Нема некој изразен ветер во овие утрински часови во Македонија. Сепак полека од запад облачноста се зголемува кај нас што е најава за новиот бран на врнежи кој ни доаѓа и кој е поврзан со циклоналниот вртлог кој е со центар над Џеновскиот залив.

Најладно со -3 степени ова утро е во Берово и во Скопје Петровец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во Македонија ова утро до 4 часот.







Занимливости