Ладно утро во Македонија, измерена најниска температура од -9°C
Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на ладен бран кој продира од истокот и од североистокот на Европскиот Континент. Во ваква ситуација денешното утро кај нас беше ладно насекаде со температури кои во поголем дел од Македонија се спуштија под нулата. Времето е променливо облачно со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец а локално сосема слабо провејува и снег.

На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by