Ладно и променливо време имаме вечерва во Македонија, но без врнежи

Вечерва во Македонија имаме релативно ладно време а особено на планинските места  и на скијачките центри температурите се негативни, односно под нулата  и има појава на мраз. Повремено дува засилен ветер од северен и од североисточен правец а времето е променливо облачно и релативно суво и без врнежи.

Најниска температура до 19 часот вечерва е измерена на Попова Шапка  и тоа -4 степени. Во Демир Капија во исто време се измерени 11 степени. На табелата можете да ги видите температурите измерени до 19 часот вечерва по градови и места во Македонија  и тоа на мерните станици на УХМР.

 







Занимливости