Ладниот период полека доаѓа: Утринава измерена е најниска температура од 3 степени!
Полека но сигурно го чувствуваме надоаѓањето на ладниот период со потпросечни температури за мај во нашата Македонија. Денешното утро (четврток 8 мај) кај нас е значително посвежо за разлика од изминатите утрини, па така на повеќе места се измерени минимални температури од под 10 степени, а на повисоките места и на планините тие се спуштија и под 5 степени.

На табелата можете да ги видите денешните минимални температури измерени по градови и места во Македонија до 8 часот утрово, и тоа на мерните станици на УХМР. Исто така, на табелата може да го видете и наврнатото количество на воден талог во изминатите 24 часа кај нас, исто така на мерните станици на УХМР.
Да напоменам дека поради локалноста на процесите, количеството на врнежи многу варира и на различни места тоа може да биде многу поголемо.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by