ЛАДНИОТ ЦИКЛОН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС: Ќе донесе многу дожд, снег, и снежна покривка од над 60 сантиметри!
Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна и многу постудена воздушна маса од север, од утре (Петок 29 Ноември, до ноќта недела кон понеделник, 1/2 Декември), времето во Македонија ќе биде облачно и студено со пообилни врнежи од дожд (локално над 50/60 литри на метар квадратен воден талог), додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира голема снежна покривка.
На планините се очекува да се формира снежна покривка од над 50/60 cм, особено во западната половина од Македонија, додека на повисоките места таа ќе биде со висина од над 30/40 cм. Поради влијанието на студената воздушна маса, особено во западните, југозападните и во северозападните предели од Македонија и во пониските места (градовите) повремено ќе има пообилни врнежи од снег, кој би бил претежно влажен и тежок. Во овие пониски места исто така очекуваме формирање на снежна покривка, понекаде со висина од над 20/30 cм.
НАПОМЕНА: Поради тежината на снегот, особено во градовите во погоре споменатите предели можни се проблеми. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси. Сето ова ќе биде проследено и со ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено ќе засилува на интензитет.
Што се однесува до Скопскиот регион, за време на овој период ќе има пообилни врнежи од дожд, а на околните планини, во сабота и во повисоките предели од котлината врнежите ќе бидат од снег, каде ќе се формира снежна покривка. Во ниските предели од котлината ќе врне претежно дожд, иако во сабота особено рано наутро и претпладне не се исклучува можноста за појава на лапавица понекаде и во пониските делови од котлината, без создавање на некоја снежна покривка.
Апелираме, во случај доколку патувате низ планинските превои, да бидете крајно внимателни поради очекуваните обилни врнежи од снег, и крајно внимателно да управувате со вашите возила.
Што се однесува до температурите, тие значително ќе опаднат, наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 6 степени, додека во недела на крајниот југоисток тие ќе се искачат до околу 9 степени. Во Скопје за време на овој период, температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 5 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by