Ладниот циклон над Македонија на Скијачките центри донесе снежна покривка од речиси 70 сантиметри – Снег има на повеќе места!
До 19 часот на Скијачките центри Попова Шапка и Маврово снежната покривка изнасуваше речиси 70 сантимети. До петок снежната покривка ќе се прошири и зголеми, и тоа поради очекуваните нови локални врнежи од снег, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.
Во Повардарието и во југоисточните предели ќе има претежно повремен дожд.
Што се однесува до температурите како што и претходно напоменав наутро речиси насекаде ќе бидат под нулата, а и преку ден тие на многу места ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата, додека особено во повисоките населени места ќе бидат околу нулата, а на планините и на Скијачките центри тие постојано ќе бидат под нулата.
Инаку денес снежната покривка се прошири и истата се формираше на повеќе места и градови во Македонија.
НАПОМЕНА: Следува детална метео анализа за време на викендот кој доаѓа.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by