Ладниот бран од Скандинавија и Русија полека се спушта кон Балканот!
Се поблиску ни е ладниот бран кој долго време го најавувам и кој се спушта од северот и од североистокот на Европа, поточно од Скандинавија и од Русија. Токму таму понекаде температурите се спуштаат до околу, па и под -10 степени, а исто така владее и вистинска снежна идила. Кај нас овој ладен бран сепак ќе биде без врнежи, односно ќе имаме сув студ, и тоа особено во ноќните и во утринските часови.

Како што може да се види на картата, ладниот бран полека се спушта кон централна Европа, и од утре (недела) полека ќе го зафаќа Балканскиот Полуостров, вклучувајќи ја и Македонија.
Како што и претходно кажав, за следната седмица и тоа особено за ноќните и утринските часови подгответе ја топлата облека, зошто и тоа како ќе ви биде потребна.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]

by