Ладниот бран од север полека ја зафаќа Македонија – Претпладнево особено свежо, најниската температура изнесува само 2 степени

Територијата на Македонија полека потпаѓа под влијание на студената воздушна маса која се спушта од север, токму поради ова, претпладнево на повеќе места има повеќе облачност, а дува и повремено засилен ветер од северен правец. Најниска температура до 10 часот од градовите е измерена во Крушево, и тоа само 6 степени, додека најтопло во исто време беше во Гевгелија со измерени 18 степени.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени претпладнево до 10 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР. На табелата можете да видите дека особено студено е на планините, па така во Маврово температурата претпладнево изнесуваше 5 степени, а на Попова Шапка само 2 степени.







Занимливости