Ладен бран од север на планините во Македонија донесе снег и вистинска зима

Денешниуот ден во Македонија 18-ти март 2026 среда е значително поладен особено на планинските  и на скијачките центри каде температурите се под нулата  и има врнежи од снег каде владее вистинска снежна убавина.

На табелата можете да ги видите температурите измерени попладнево до 13 часот по градови и места во Македонија  и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку територијата на Македонија се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса а исто така на времето влијае  и циклонски систем кој е со центар над Јонското море. Во ваква ситуација особено во западните предели од Македонија има послаби врнежи кои на планинските  и на скијачките места се од снег а во градовите врнежите се од дожд.

Повремено дува засилен ветер од југоисточен и од источен правец.







Занимливости