ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ: До крајот на денов снежната граница ќе се спушти под 1000 метри надморска височина!

Како што и претходно напоменав и најавив, до крајот на денов (недела 2 март) поради продор на ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, врнежите кои ги имаме  и кои во моментов се прошируваат во поголем дел од Македонија, на местата со надморска височина од над 1000 метри ќе преминуваат во снег.

До крајот на денов, исто така, особено во северозападните, северните, и во североисточните предели од нашата Македонија, снежната граница ќе се спушти и под 1000 метри надморска височина, па така повремен снег ќе има и во делови од повисоките населени места од споменатите предели.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, кој дожл Повардарието ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Во Скопје  и околината исто така ќе има повремен дожд, а на повисоко, како и на околните планини врнежите ќе преминуваат во послаби врнежи од снег. И во Скопскиот регион повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени, меѓутоа до крајот на денов и вечерва тие ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање.







Занимливости