КРАТКОТРАЕН ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА ОВОЈ ВИКЕНД ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА: Очекуваме температури до 38 степени
Почитувани мои, променливо, но посвежо време ќе имаме и денес. Ќе има и локална појава на повремен пороен дожд и грмежи, но сепак условите за силно невреме за среќа позначително ќе се намалат. Услови за повремен пороен дожд и поретки грмежи ќе има и во Скопје. Што се однесува до температурите тие утре ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје максималната дневна температура утре ќе се искачи до околу 30 степени.
За време на викендот во Македонија ќе имаме краткотрајно стабилизирање на времето, што значи не очекува сончев и топол викенд со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје до околу 35 степени.
Од почетокот на следната седмица не очекува нова позначителна дестабилизација на времето и ново невреме, како и позначително опаѓање на температурите.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by