КРАТКОТРАЕН ПРОДОР НА ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН ОД ЗАПАД ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ УСЛОВУВА ДОЖД! ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ…

објавено на:

21 Мар 2023

од:

сподели:

Под влијание на влажен воздушен бран од запад, во Македонија во следните часови, како и во текот на претстојната ноќ ќе има врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ (над 20 л/м2).

На планините на запад и на северозапад и тоа со надморска височина од над 1800 метри врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Од утре па натаму повторно продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време со ПРОЛЕТНИ температури кој насекаде ќе надминуваат 15 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат до 23 степени.

Во Скопје и околината исто така ќе има врнежи од дожд, особено вечерва и во текот на ноќта.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 

 

 







Занимливости