КОНЕЧНО ПРЕКРАСНИ МЕТЕО ИНФОРМАЦИИ: СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ПРВИОТ ИЗРАЗЕН ТОПЛОТЕН АФРИКАНСКИ БРАН И ВИСТИНСКОТО ЛЕТО!
По интензивните врнежи и поплави кои ја зафатија нашата територија, како и територијата на целиот регион, следната седмица конечно кај нас доаѓа првиот ИЗРАЗЕН Африкански топлотен бран кој ќе ни донесе вистинско лето.
Следната седмица територијата на Македонија, како и на целиот регион ќе биде под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка. Времето ќе биде МНОГУ ПОСТАБИЛНО за разлика од сега и со многу повеќе сонце.
Температурите ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и максималните дневни температури на повеќе места ќе се искачат и над 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат и до 35 степени.
Во Скопје максималната температура следната седмица ќе порасне до 33 степени.
ЗАКЛУЧОК НА СЕТО ОВА: Летната сезона следната седмица може да започне, како и уживањето на граѓаните на плажите. Останува да ја следиме актуелната временска состојба, со тоа ќе знаеме колку точно ќе се задржи топлотниот бран кај нас.
Инаку за време на овој викенд и понатаму на повеќе места ќе има врнежливо време, а ќе дува и засилен ветер од северен правец.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]