КОНЕЧНО НАЈАВА ЗА СТАБИЛНО, СУВО И ПРОЛЕТНО ТОПЛО ВРЕМЕ: Во петок, како и за викендот доаѓа стабилизација на времето
По утрешниот нов влажен воздушен бран кој ќе ни донесе нови врнежи и повторно малку пониски температури, сепак во петок, како и за време на викендот конечно можеме да очекуваме многу постабилно и релативно суво и сончево време, со мала до умерена локална облачност. Сепак и покрај ова би можело да има сосема мали исклучоци каде би се појавиле сосема локализирани и краткотрајни врнежи од дожд (ништо сериозно).
И во Скопје по утрешните повремени врнежи од дожд, во петок, како и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, сончево и суво со мала до умерена локална облачност.
За време на овие денови ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, малку посвежо утро очекуваме во петок кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и 7 степени, додека потоа тие ќе бележат тенденција на пораст.
Максималните дневни температури на воздухот пак повторно ќе бидат во пораст и во петок како и за време на викендот тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а уште потопло ќе биде во недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро во Македонија беше исклучително ладно, па така до 7 часот утринава најладно беше во Берово со измерени -9 степени, а највисока минимална температура во исто време беше измерено во Охрид, и тоа 1 степен над нулата и тоа поради облачноста која се задржа во овој дел од Македонија. Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и [...]