КОН МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИБЛИЖУВА НОВ ПОГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН – ПОТОА ОД ЧЕТВРТОК ДО САБОТА МНОГУ ПОТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО ОКОЛУ 20 СТЕПЕНИ!
Под влијание на нов влажен но и ПОСТУДЕН бран од север, вечерва во западните и во северните, а утре и тоа особено попладне и вечерта и на другите места ќе има нови врнежи од дожд. На планините над 1500 м.н.в и тоа особено во западните предели ќе има врнежи од СНЕГ, додека оваа ноќ снежната граница има услови да се спушти и на помала надморска височина.
Инаку се до крајот на оваа седмица повремено ќе има врнежи од дожд и тоа од локален карактер.
НАЈАВА ЗА КРАТКОТРАЈНО НО И ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО КОЕ ЌЕ ДОНЕСЕ НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА И ДО ОКОЛУ 20 СТЕПЕНИ: Од четврток до сабота нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење кое ќе услови НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ температури за овј дел од годината. Истите тие денови ќе се искачуваат во интервалот од 12 до дури 19 степени. Од утре исто така ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Исто така овој топол бран за овој период од годината ќе услови и транспорт на прашина и песок од Сахара кон нашата територија.
БИОМЕТЕО: Поради наглите промени на временската состојба кај нас, но и поради ГОЛЕМОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ кое накратко ни доаѓа, кај метеопатите се можни ПОГОЛЕМИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ (проблеми со притисокот, лошење, главоболка и сличо). Доколку граѓаните овие денови осетат поголеми здравствени проблеми ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]