ЌЕ ИМА ЛИ СКИЕЊЕ УШТЕ ОД ОВОЈ МЕСЕЦ?! На повидок првиот обилен снег за оваа сезона во Македонија!

Според од она што може да го најавам и да ја информирам јавноста, е тоа дека според двата најажурни модели кои ги користам, Глобалниот модел (GFS) и Европскиот модел (ECMWF), веќе околу, и по 20 Ноември доаѓа нов голем бран на заладување и спуштање на уште постуден воздух од север кој ќе го донесе првиот обилен снег за оваа сезона на планините  и на Скијачките центри.

Според од она што може да се види на картата, е тоа дека од околу, и по 20 Ноември на планинските места, особено во западните  и во северозападните предели од Македонија ќе пристигне првата позначителна снежна покривка која локално и ќе надминува 40 cм. Со ова, лубителите на скијањето и на снегот би можеле да си дојдат на своето уште од овој месец.

Исто така, покрај планинските и скијачките места, во тој период повторно ќе има услови за врнежи од снег и формирање на нова снежна покривка на местата со помала надморска височина (населените места).

Состојбата и понатаму ќе ја следам постојано, со што јавноста навремено ќе биде информирана за секоја ново – настаната временска состојба.








Занимливости

  • 10 Јул 2025

    По екстремно високите летни температури, делови од австриските Алпи повторно се покриени со снег. Во планинските региони се регистрирани обилни снежни врнежи, при што на повисоките места падна од 30 до 80 сантиметри свеж снег. Најмногу снег падна во Зилерталските Алпи, како и во групите Глокнер и Венедиџер, на надморска височина околу 2800 метри. Во комбинација со силните северни [...]