КАСНА ЕСЕН СРЕДЕ ПРОЛЕТ: ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПРОДОР НА ПОСТУДЕН ВОЗДУХ ОД СЕВЕР – НА ПЛАНИНИТЕ СЕ ОЧЕКУВА НОВА СНЕЖНА БАЈКА!
Во раните утрински часови од утрешниот ден, како и утре особено претпладне од запад во Македонија ќе се прошират ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд, услови за појава на грмежи, засилување на ветер и услови за појава на ситен град.
Поради продор на постуден воздух од север, утре ќе започне да дува ЗАСИЛЕН северен ветер, особено изразен Долж Повардарието. Сето ова ќе услови во западните и во северозападните планински предели со надморска височина од над 1400 м.н.в врнежите од дожд да преминат во врнежи од СНЕГ, токму на овие места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.
Утре попладне врнежите полека ќе ја напуштаат нашата територија и ќе се преместуваат кон југоисток.
Во Скопје и околината исто така очекуваме врнежливо време, меѓутоа утре попладне и навечер врнежите ќе престануваат.
Од четврток до сабота времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сонце, меѓутоа наутро ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и температурите локално ќе се спуштаат до околу, а на повисоките места и под нулата, со што ќе има услови за појава на МРАЗ.
Максималните дневни температури пак ќе бидат потпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
Барем одсега гледано, за први и втори мај очекуваме нестабилно време со локална појава на врнежи и грмежи, особено во попладневните часови. Инаку и во првата седмица од мај ќе имаме потпросечни темпратури на воздухот, што значи ќе биде ПОСТУДЕНО од вообичаеното. Засега долготрајна и вистинска пролет нема на видик.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]