КАМЕН ЛАДНО ВО МАКЕДОНИЈА: Денешното утро донесе најниска температура од -11 степени!

Утрово во Македонија имавме претежно ведро и многу ладно време, освен во дел од котлините каде има појава на краткотрајна магла или ниска облачност. Претежно е тивко и без ветер. Најниска температура до 7 часот утринава беше измерена во Берово, и тоа -11 степени. Во исто време, највисока минимална температура беше измерена во Виница, и тоа -4 степени.

Тоа значи дека ова утро донесе насекаде негативни температури низ Македонија, односно температури под нулата.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места низ Македонија до 7 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку, снежната покривка на Скијачките цнетри изнесува 31 сантиметар на Попова Шапка и 13 сантиметри во Маврово.







Занимливости