КАМЕН ЛАДНО: Денешната минимална најниска температура се спушти на -10 степени, ладниот бран ќе продолжи!

Изминатото денешно утро повторно насекаде во Македонија донесе многу ладно време, па така најниска температура беше измерена во Берово, и тоа -10 степени. Највисока минимална температура е измерена во Гевгелија, и тоа 2 степени.

Инаку времето во Македонија е претежно облачно, но во западните  и во југозападните предели понатаму ќе започнат врнежи со слаб до умерен интензитет, и истите ќе бидат од дожд и снег на пониските места (градовите), и само од снег во повисоките населени места, планините, и секако на Скијачките центри, каде постојната снежна покривка малку ќе се зголеми.

На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени во текот на изминатото денешно утѕро по градови и места низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

На втората табела можете да ги погледнете денешните температури измерени до 10 часот, исто така измерени на мерните станици на УХМР.







Занимливости