КАКО ПРОЛЕТ ДА ДОАЃА – ПО ОВА КРАТКОТРАЈНО ЗАЛАДУВАЊЕ, СЛЕДУВА ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ЈУЖНО ВОЗДУШНО СТРУЕЊЕ!

Вечерва и во текот на претстојната ноќ и тоа поради понатамошното ЗАЛАДУВАЊЕ на времето, провејување на слаб снег е можно и на некои места со помала надморска височина, особено во северните и во источните предели од Македонија.

Ќе започне да дува и слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

И во Скопскиот регион се очекуваат повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.

Инаку се до крајот на оваа седмица ќе бидеме под влијание на серија на влажни воздушни бранови од запад кој повремено ќе условуваат врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурите утре ќе бидат нешто пониски и наутро понекаде ќе се спуштат само за некој степен под нулата, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени. Во среда на планините ќе врне снег.

НАЈАВА ЗА ЗНАЧИТЕЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ: Од четврток нашата територија повторно ќе биде под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење со што ќе следува нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите на воздухот и истите насекаде ќе надминуваат 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат дури до околу 18 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!