КАКО ДА СМЕ ЈАНУАРИ, А НЕ НОЕМВРИ: Рано утринава во Македонија измерени дури -12 степени!
Поради разведрувањето, изминатата ноќ во Македонија беше многу студена, па така температурите насекаде се спуштиа под нулата, со што насекаде имаше појава на умерен до јак мраз.

Моите следачи од Берово ми испратија фотографија каде утринава во 4 и 45 часот температурата во Берово се спуштила на -12 степени.
Многу студените утра продолжуваат и понатаму во следните неколку денови, кога повторно температурите во Беровскиот регион, како и на високите и планинските места ќе се спуштаат под -10 степени.

На картата пак можете да ги погледнете температурите измерени во Македонија до 7 часот утринава.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (Сабота 15 ноември) во нашата Република Македонија помина во знакот на натпросечно топло време за овој период од годината и со стабилно, суво и претежно сончево време со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец. Нашата Македонија е под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој од југ и југозапад продира кон нашиот дел од [...]


by