ЈУНИ МЕСЕЦ НИ НОСИ МНОГУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ И ЧЕСТИ ВРНЕЖИ, ГРМЕЖИ И ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ!
Судејќи барем според сегашните излези на прогностичките модели, тие укажуваат на тоа дека и во јуни месец времето кај нас во Македонија ќе биде многу нестабилно и со честа појава на врнежи од дожд, грмежи, како и појава на временски непогоди.
Се на се, да бидеме подготвени за нови временски непогоди кои би можеле да направат нови штети, и да предизвикаат локални поројни поплавувања. Врнежите во јуни месец ќе бидат натпросечно високи.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат околу, или пак малку над просекот за тој месец, што значи релативно топлото време продолжува, но одсега гледано без некои екстремно високи температури на воздухот.
Во следниот период температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Како што претходно најавив, пред нас е ладна ноќ, а и утрешното утре (петок 21 март) ќе биде ладно со појава на умерено до јаки мразеви, и со температури кои буквално насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата. Времето ќе биде целосно ведро и без облачност, како и претежно тивко. Н следната метеоролошка карта можете да ги погледнете [...]