ИЗМЕРЕНИ -3 СТЕПЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Пред нас уште едно ладно утро.
Денешното утро ни донесе многу поладно време а особено во Охридско – Преспанскиот регион имаше појава на магла или на ниска облачност. Претежно беше тивко и без некој изразен ветер. Најладно утрово беше во Берово каде се измерени -3 степени.

На метеоролошката карта можете да ги видите денешните минимални утрински температури измерени до 7 часот утрово и тоа на мерните станици на УХМР.
И утрешното утро ќе биде значително ладно кога на многу места температурите ќе се спуштат близу па и под нулата особено на повисоките населени и планински места во нашата Македонија. Утре наутро повторно во дел од котлините ќе има услови за појава на магла или на ниска облачност.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме локални врнежи од дожд а на повисоките планини со надморска височина од над 1400/1500 метри врнежите се од снег. Табелата која ја објави вечерва УХМР може да ги видите измерените температури по градови и места во Македонија до 19 часот. Инаку на Попова Шапка снежната покривка изнесува над 60 сантиметри.


by