ИЗДАВАМЕ ЦРВЕН МЕТЕО АЛАРМ: Оваа недела ќе биде страшно пеколна – можно е рушење на температурни рекорди!
Поради екстремно високите температури на воздухот кој ја зафатија нашата држава, но и целиот регион и поголем дел од европа, ние како најголем метеоролошки медиум во Македонија, решивме да издадеме црвен метеоаларм за оваа недела.
Продолжува сушното и екстремно топло време и оваа недела. Температурите во најголем дел од државава ќе надминуваат 35 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачуваат до околу, а во најтоплите централни и југоисточни предели и над 40 степени (односно до 43 степени под сенка). Кон крајот на неделава можно е да имаме температури дури и до околу, па и над 45 степени (под сенка). Можно е рушење на температурни рекорди. Исто така и ноќите ќе бидат “Тропски”, што значи дека температурите на повеќе места нема да се спуштаат под 20 степени.
Ув индексот во текот на целата недела ќе има екстремно висока вредност (вредност 10). На граѓаните ги советуваме без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да пијат што повеќе течности, и секако да избегнуваат работа директно на сонце.
Температурата во Скопје особено кон крајот на неделава ќе се искачува до 40 степени, а според сегашните анализи и во Скопје се можни температури од над 40 степени.
НАПОМЕНА: Горе наведените максимални температури на воздухот ќе се мерат под сенка, додека на сонце тие ќе бидат многу повисоки (локално над 50 степени, понекаде дури и до околу 60 степени на сонце).
Ектремно топо време имаме во цела јужна и југоисточна европа.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]