ИСКОРИСТЕТЕ ГО МАКСИМАЛНО УБАВОТО ТОПЛО ЛЕТНО ВРЕМЕ – ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ НОВИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ!

До петок времето во Македонија ќе се задржи како што доликува за овој период од годината, а тоа е топло време со летни температури на воздухот и повеќе сонце. Сепак екстремно топло време нема да имаме, и максималните дневни температури на воздухот низ Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени. Сепак УВ ИНДЕКСОТ ќе биде МНОГУ ВИСОК и ќе изнесува коефициент некаде околу 8.

Во Скопје  и околината температурата овие денови ќе се искачува во интервалот помеѓу 30 и 32 степени.

Сепак особено во планинските региони овие денови ќе има услови за локална појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Под влијание на ГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад, за време на викендот повторно во Македонија ќе имаме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време, со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната Атмосфера, и исполнета со МНОГУ енергија поради топлотниот Африкански бран, на повеќе места повторно ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град и истиот би можел да биде од поголема величина.

За време на викендот очекуваме и ПАД на температурите на воздухот, како и северен ветер и тоа поради продорот на посвежа воздушна маса од север. Поради очекуваните ИНТЕНЗИВНИ врнежи, повторно ќе постои ОПАСНОСТ од нови ПОПЛАВИ и излевања на некои реки низ државава. Токму поради ова на граѓаните им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Опасност од ново НЕВРЕМЕ и локални поплавувања за време на викендот ќе има и во Скопје  и околината.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 

 

 







Занимливости