Исклучително свежо утро во Македонија, измерени се само 6 степени!

Денешното утро (недела 24 август) во нашата Република Македонија донесе ведро и исклучително свежо време со температури кои беа под просекот за овој период од годината. Најниска температура ова утро е измерена во Берово и во Лазарополе  и тоа само 6 степени.

Инаку, нашата Македонија се наоѓа под влијание на значително посвежа воздушна маса која се спушта од север.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени во нашата Македонија ова утро. Во Скопје Зајчев рид утрово се измерени 14 степени а во Скопје Петровец таа беше пониска  и таму се измерени 11 степени.







Занимливости