Имавме исклучително ниски температури утринава во нашата Македонија!

Денешното утро (недела 24 август) во нашата Република Македонија донесе исклучително свежо време со исклучително ниски температури на воздухот за овој период од годината.  Времето насекаде во нашата Македонија беше ведро.

Најниска температура денес наутро имавме во Берово каде се измерени само 4 степени. Во изминатите 24 часа пак во Битола наврнаа 3 литри дожд на метар квадратен.

На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени по градови и места во нашата Македонија, и тоа до 8 часот утринава на мерните станици на УХМР.

Инаку ниските температури кои се измерени утринава се поради значително посвежата воздушна маса која се спушта од север кон Балканот  и кон нашата Македонија.







Занимливости