Имаме значително пониски температури, а во западните предели има и врнежи!
Нашата Република Македонија се наоѓа под влијание на посвежа воздушна маса која се спушта од север и истата условува да имаме значително пониски максимални дневни температури на воздухот, кои речиси насекаде се под 30 степени. Особено во Повардарието повремено дува засилен ветер од северен правец.
Во западните предели пак попладнево има повеќе облачност и локална појава на пороен дожд со ретки грмежи.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова попладне до 14 часот по градови и места во нашата Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Она што е најново на прогностичките материјали е тоа дека од 13 Јуни 2026 на Балканот и во Македонија е на повидок голема температурна аномалија и голем пад на температурите, невообичаен за месец јуни. Покрај ова би имале и пообилни врнежи и типично есеонско време во јуни, кога веќе е започнато и климатолошкото лето.
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза


by