Имаме свежо, претежно облачно време во Македонија, локално врне и дожд!

Денешното утро во нашата Република Македонија (четврток 31 јули) донесе претежно облачно време во најголем дел од нашата Македонија, а и значително е посвежо со локални врнежи од дожд, проследени со изолирана појава на грмежи. Врнежите повеќе се застапени во јужните  и во југоисточните предели.

На табелата можете да ги видите денешните минимални температури на воздухот измерени по градови до 8 часот утринава, и тоа на мерните станици на УХМР. Исто така, на табелата можете да го видите  и наврнатото количество на воден талог низ Македонија во изминатите 24 часа, односно до 8 часот утринава.







Занимливости