ИЛИНДЕНСКА МЕТЕО АНАЛИЗА: За големиот Македонски национален и верски празник многу топло и стабилно време, температури до 40 степени
За големиот Македонски национален и верски празник “Илинден” во Македонија ќе продолжи периодот на стабилно, суво и многу топло време. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец, додека температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени.
Во Скопје и околината исто така за големиот празник ќе имаме стабилно, суво и многу топло време, максималната температура во Скопската котлина ќе се искачи до околу 40 степени.
Мала дестабилизација на времето ќе има во сабота попладне, кога ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе продолжи многу високиот Ув индекс кој ќе има коефициент помеѓу 8 и 9.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]