И понатаму температури над просекот за декември, по котлините магла и поладно
Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) кој се протега од југ за време на викендов времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Наутро и во ноќните часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време викендов. Стабилно, суво и претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Наутро и во ноќните часови во делови од котлината ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата па така ќе има појава на слана и на слаб мраз. Максималните дневни температури пак и понатаму ќе бидат над просекот за месец декември и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта за некој степен под нулата а преку ден таа ќе се искачува до околу или за неколку степени над 10 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Жешко време имаме уште од утрово во Македонија. Времето е насекаде ведро и сончево а најтопло во овие моменти е на Скопје Петровец со измерени 25 степени. Немаше некој изразен ветер ова утро во Македонија. На метеоролошката карта можете да ги видите измерените температури ова утро во Македонија. Да напоменам дека температурите забрзано растат во Македонија од час во [...]


by