Хаос во Македонија: Силен Џеновски циклон предизвика големи штети

Паднати дрвја, оштетени автомобили, откорнати покриви, урнати бандери и затворени патишта – силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа значителни материјални штети низ државата. Најсериозна е состојбата во гостиварскиот регион, каде поради излевање на реката Вардар е воведена забрана за секаков вид сообраќај на патниот правец меѓу селата Тумчевиште и Чегране.

Невремето не го поштеди ниту јужниот дел од земјата. Во Гевгелија е откорнат покривот на средното училиште СОУ „Јосиф Јосифовски“, а материјална штета е причинета и на детската градинка „Цветови“. Регистрирани се и помали оштетувања на повеќе станбени објекти. Од Општина Гевгелија за Телевизија 24 информираат дека екипите се на терен и активно работат на санирање на последиците од невремето.

Состојбата постепено се стабилизира и во Кичево. Градоначалникот информира дека надлежните служби континуирано работат на расчистување и проценка на штетите. За потребите на засегнатите граѓани, со поддршка на Армијата, поставена е мобилна бања, која им е на располагање на лицата сместени во спортската сала.

Штети од силниот ветер се пријавени и во други делови од државата. Во Скопје, на шест локации се евидентирани паднати дрвја и искинати електрични кабли, при што е причинета материјална штета на повеќе возила.

ТОПМ1

 

 







Занимливости