ГРЕЈНАТА СЕЗОНА БИ МОЖЕЛА ДА ЗАПОЧНЕ МНОГУ ПОРАНО: За викендот и следната седмица температурите паѓаат близу 0 степени, на планините и под нулата
Почитувани мои, по долгото и екстремно топло лето, се чини дека грејната сезона многу порано ќе ни започне и дека од куси шорцеви и маички директно ќе ги облечеме јакните. Почнувајќи од овој викенд, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат невообичаено ниски за месец септември, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север.
Температурите наутро речиси насекаде ќе се спуштат под 10 степени, понекаде и под 5 степени. Локално, особено во Беровскиот регион и на повисоките места температурите се очекува да се спуштат до близу 0 степени. Секако, на повисоките планини ќе биде уште постудено каде температурите ќе се спуштат дури и под нулата.
За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица во Македонија не се исклучува можноста да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, што значи дека и преку ден ќе биде значително посвежо.
Повремено сето ова ќе биде проследено и со пообилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи и засилен ветер, што значи дека долготрајна стабилизација на времето нема на повидок. НАПОМЕНА: Поради продорот на многу поладен воздух од север, за време на викендот кој доаѓа, како и во текот на следната седмица, го очекуваме и првото провејување на снег на високите планински места во Македонија (над 2000 м.н.в).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Климатскиот феномен Ла Ниња под кое влијание сме во моментов, во следните месеци, односно во летните и есенските месеци повторно ќе добие на интензитет, односно ќе се интензивира. Што значи тое? Тоа значи дека во следните летни и есенски месеци ни следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени, исто така, очекуваме и се по екстремни метеоролошки појави и временски [...]
Балкан / Занимливости / Македонија / Прогноза