ГРАЃАНИТЕ БИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ СООЧАТ СО ПРОБЛЕМИ: Западните и северозападните предели од Македонија ќе бидат на удар на обилни снежни врнежи!
Од она што можам во моментов да го кажам според најновото утринско ажурирање на Европскиот модел (ECMWF), од петок 29 Ноември, па за време на викендот, западните и северозападните предели од Македонија би можеле да имаат проблеми со снежните врнежи, особено повеќето градови, поради тоа што снегот кој го очекуваме ќе биде тежок и влажен, па токму поради тоа ги спомнувам и можните проблеми во овие предели од Македонија.

Според она што може да се види на картата, во западните и во северозападните предели од Македонија ќе се формира снежна покирква на повеќе места со висина од над 20 cм, локално и околу 30 cм, а на планините и над 40 cм снег.
Сега ќе го очекуваме следното ажурирање на истиот, и тоа вечерва, па така следуваат нови информации на овој мој Метеоролошки медиум (МЕТЕОАЛАРМ МК).
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден понеделник 16-ти март 2026 во Македонија помина во знакот на вистинско пролетно сончево и релативно топло време со релативно пролетни температури на воздухот. Имаше и појава на мала до умерена локална облачност а дуваше и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло со 19 степени до 16 часот попладнево беше на Скопје Петровец. На табелата која [...]


by