ГОЛЕМО РАСЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ, ДОЖД, СНЕГ И ВЕТЕР ПО БАДНИК И БОЖИЌ! ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА НАЈНОВАТА МЕТЕО АНАЛИЗА…
Бадник и Божиќ ќе ги поминеме во знакот на стабилно, суво и НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО време, додека постудено и со појава на магла и на ниска облачност и понатаму ќе биде по котлините.
Промена на времето која КОНЕЧНО ќе донесе ветер, расчистување на воздухот, но и врнежи од дожд и снег на планините ќе има во понеделник и во вторник. Особено ветровито ќе биде во вторник кога ќе дува ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот ќе услови ГОЛЕМО РАСЧИТУВАЊЕ на воздухот низ котлините во Македонија, вклучувајќи ја и Скопската котлина.
Снежната граница во вторник доцна попладне и навечер понекаде може да се спушти и под 1000 м.н.в, а на планините ќе се формира снежна покривка.
Температурите ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]