Големо невреме од следните часови доаѓа во регионот, постои опасност од торнадо – Истото доаѓа и во Македонија!
Најпрвин Словенија, потоа Хрватска, Јадранот, Босна и Херцеговина, Црна Гора, соседна Србија па Македонија утре попладне и навечер ќе биде зафатена од студен фронт од север кој ќе предизвика силно невреме.
Од ова невреме во поголем дел од Македоија се очекуваат поројни врнежи од дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер, како и појава на град кој локално би можел да биде и крупен. Токму поради ова апелираме на крајна претпазливост.
Од недела ќе дува засилен ветер од западен и од северозападен правец, а температурите позначително ќе се намалат (дури за околу 10 степени, а во северните предели локално и за повеќе од 10 степени). Во Алпскиот регион како што и претходно најавивме очекуваме и врнежи од снег.
Буквално целиот регион ќе биде погоден од ова силно невреме, повторно постои опасност од појава на торнадо, па и од суперќелиско невреме кое би можело да направи многу штети.
Локално исто така постои опасност од појава на поројни поплави и лизгање на земјиштето.
Словенските колеги (метеоролози) овој бран на невреме и студен продор од север го нарекоа “Убиец на летото”, односно со ова сакаат да кажат дека вистинските горештини и лето се позади нас. Исто така и од наша страна беше најавено истото уште пред речиси една седмица.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина и песок во воздухот. Сепак, денес беше и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете [...]