Големо невреме ја зафати Романија
Во 19 окрузи во Романија има силен ветер, односно портокалов код. Предупредувањето за тешки временски услови важи и за Букурешт, каде досега има најмногу итни повици.
Силните ветрови соборија 31 дрво и четири столбови, искршиле билборди и оштетиле 16 автомобили во романската престолнина, соопшти Одделот за итни случаи. Ветерот носи и облаци од сахарска прашина, која денеска минува над Романија.
Маневрите во пристаништата на Црното Море се прекинати.
-На ниските места брзината на ветерот е меѓу 55 и 80 км/ч. Во високите делови на планините очекуваме да надмине 90-110 км/ч. Можно е ветерот да стане урагански и на места да има невреме, известува Националната метеоролошка управа.
Поради лошото време, 5.000 луѓе останаа без струја во областа Прахова. Ситуацијата во Плоешти беше комплицирана, каде неколку дрвја паднаа на коловозот или на електрични кабли. Несреќи имало и во седум населени места во областа Харгита. Во населбата Вранча, струја немаат 13.218 претплатници, пренесе БТА.
Во некои региони од земјава температурите паднаа и до 13 степени во однос на вчерашните рекордни вредности на места.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by