Големо невреме ја зафати Македонија – Невремето ќе продолжи и во текот на ноќта и утре!

објавено на:

01 Јул 2023

од:

сподели:

Овој пат со оваа голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад, силно невреме го зафати Скопје  и околината и истото предизвика паднати дрвја, и тоа поради олујниот ветер, интензивен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, но и појава на град.

Невреме понатаму се очекува и во останатите предели од Македонија, а правецот на оваа голема влажна и нестабилна воздушна маса е од запад кон исток.

Во вечерните часови, во текот на претстојната ноќ, како и утре ќе продолжат поројните врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места низ Македонија. Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град.

Локално се можни и поплавувања, а поради очекуваното силно невреме апелираме на крајна претпазливост.

Ново невреме се очекува и во текот на следната седмица, а температурите нема многу да се менуваат во споредба од оние кои ги имаме сега. Екстремно топло време не се очекува.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.