Големиот влажен бран од запад доаѓа денес попладне и навечер: Носи многу дожд, снег и снежна покривка од над 25 сантиметри!

објавено на:

04 Мар 2024

од:

сподели:

Големиот влажен воздушен бран кој ќе ја зафати нашата држава од денес доцна попладне  и навечер, и кој е во склоп со длабокиот циклонски систем со центар над Џеновскиот залив, на повеќе места ќе донесе обилни врнежи од дожд, (локално и над 30 литри дожд на метар квадратен).

На планините, како и на планинските превои, особено во западната половина од државава ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, понекаде  и со висина и над 25 сантиметри.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Со овој влажен бран и во Скопскиот регион ќе има пообилни врнежи од дожд.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер (над 60 км/час), најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа и од северен правец, а можна е и ретка појава на грмежи.

Утре температурите позначително ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени.

НАПОМЕНА: Снежната граница понекаде, особено во западните предели би можела да се спушти до околу, па  и под 1000 метри надморска височина, со што врнежи од влажен снег би можело да има понекаде  и во повисоките населени места.

Потоа, нов влажен бран очекуваме во среда попладне  и навечер, како  и во четврток кога повторно ќе имаме пообилни врнежи од дожд и снег на планините.

 

Заследете го мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/
Исто така следете го и мојот официјален фејсбук профил и мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер  
Фејсбук профил: Славчо Попоски

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.