Големи поплави во западна Македонија, евакуирани голем број на граѓани
Во изминатите 48 часа до овие утрински часови во западните предели од Македонија наврна големо количество на воден талог и тоа 55 литри дожд наврнаа во Пожаране а од градовите најмногу дожд наврна во Тетово и тоа 52 литри дожд на метар квадратен.
Сето ова предизвика големи поплави на повеќе места во западна Македонија а најкритично е во Кичево каде беа евакуирани дури 180 лица. Обилните дождови предизвикаа големи поплави и значително зголемување на нивоата на реките каде постои ризик од нивно излевање во погоре споменатите предели од Македонија.

На метеоролошката карта можете да го видите наврнатото количество на дожд во литри на метар квадратен во Македонија во изминатите 48 часа до овие утрински часови.
Да напоменам дека сето ова е поради влијанието на длабокиот циклонски систем кој се разви над Џеновскиот залив и преку Јонското море пристигна во Македонија и влијаеше на времето кај нас.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by