ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО ШПАНИЈА: Загинаа над 50 лица!
Според официјалните податоци, 51 лице загинало во големите поплави во шпанскиот регион Валенсија, како што соопштија од регионалната влада.

Премиерот на Валенсија, Карлос Мазон, ги повика жителите да се евакуираат на повисоките места. Во некои области, жителите останале заробени во своите домови и упатија итни повици на социјалните мрежи, објави весникот Ел Паис.
Површината погодена од поројни врнежи од дожд, за која со денови многу се известуваше, денеска се очекува да се помести североисточно. Предупредувањето за силно невреме останува на сила за поголеми делови од земјата. Метеоролошката служба Аемет соопшти дека ситуацијата во цела Шпанија нема целосно да се олесни до четврток.
„Со загриженост ги следам извештаите за исчезнати луѓе и штетите предизвикани од невремето во последните неколку часа“, изјави претходно шпанскиот премиер Педро Санчез на онлајн сервисот X и апелираше до населението да ги следи упатствата на властите. „Бидете многу внимателни и избегнувајте непотребни патувања“.
Научниците предупредуваат дека екстремните временски настани како што се топлотните бранови и бурите се влошуваат поради климатските промени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови што ја погодија Лигурија, во тој италијански регион беа регистрирани околу 252 интервенции на пожарникари. Најголем број интервенции имаше во Џенова, каде што врнежите достигнаа 95 мм за 12 часа. Прогнозите предвидуваат понатамошно влошување на временските услови, со повеќе врнежи во наредните часови, објавува RAI Uno. Во областа Алта Версили, во [...]

by