Голема температурна инверзија имаме денес во Македонија: Во многу котлини има густа магла и е многу ладно, на планините многу потопло!
Голема температурна инверзија имаме денес (четврток) во Македонија, односно многу котлини низ Македонија се многу поладни за разлика од повисоките места, планините и од Скијачките центри каде е значително потопло.
Исто така во споменатите котлини и понатаму има појава на густа магла и ниска облачност, вклучувајќи ја секако и Скопската котлина.

На картата можете да ги погледнете измерените температури попладнево низ Македонија. Најладно е во Битола и во Прилеп со -1 степен, а најтопло во Гевгелија со 11 степени, Во Скопје на Петровец температурата изнесува 4 степени, а во Скопје Зајчев Рид 2 степени.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.

by