ГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Наврнаа 30 литри дожд, на Скијачките центри има 40 сантиметри снег

Големиот влажен бран како што и претходно најавив, најмногу врнежи донесе во западната половина од Македонија, па така до 19 часот вечерва во Охрид наврнаа 30 литри дожд на метар квадратен. На Попова Шапка снежната покривка изнесува 40 сантиметри, во Маврово 28 сантиметри, Крушево 4 сантиметри и во Лазарополе 1 сантиметар.

Најниска температура од градовите вечерва до 19 часот е измерена во Крушево, и тоа 0 степени, додека во исто време највисока температура е измерена во Гевгелија, и тоа 8 степени.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени вечерва до 19 часот по градови и места во Македонија, како и наврнатиот воден талог во литри на метар квадратен, и тоа на мерните станици на УХМР.







Занимливости