ГОЛЕМ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО СЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ ДОАЃА НА БАЛКАНОТ: Температурите одат на 22 степени, по што следува големо заладување!

објавено на:

30 Ное 2023

од:

сподели:

Уште од следните часови, Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе подпаднат под влијание на силно јужно воздушно струење и тоа ќе предизвика нагло и големо затоплување на времето. Во следните два дена максималните дневни температури во делови од соседна Србија, Босна и Херцеговина, како и Хрватска ќе се искачат дури до пролетни 22 степени.

Во Македонија, и тоа во најтоплите централни и југоисточни предели во следните два дена температурата ќе се искачи до бризу 20 степени. Високи и над нулата ќе бидат и минималните утрински температури. НАПОМЕНА: Овие температури сењ значително над просекот за овој период од годината.

Сепак ова ќе трае кратко, поради тоа што веќе од недела регионот повторно ќе биде зафатен од голем продор на поларниот вртлог од север, што ќе услови нагло и големо заладување на времето, а ќе провејува и снег. Најпрвин ќе дува засилен јужен, потоа и северен ветер, на Јадранот силна бура.

Температурите со продорот на поларниот вртлог од север, во регионот и тоа наутро понекаде ќе се спуштат дури и под -10 степени, а понекаде негативни ќе останат и максималните дневни температури на воздухот.

Температурната разлика во следниот период во регионот ќе биде поголема дури и од 20 степени за многу кратко време, и ова ќе влијае лошо особено кај метеопатите, односно кај нив се можни и поголеми здравствени проблеми.

Во Македонија продорот на поларниот вртлог од север нема многу да се почувствува, иако ќе има пад на температурите на воздухот, но ќе останат над нулата а негативни температури понекаде се очекува само во утринските часови (и тоа минимално). Локални врнежи од дожд ќе има во недела, а во следните два дена ќе дува засилен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час).

Да напоменеме дека со ова силно јужено воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена.

Исто така во следните два дена, во Алпскиот регион се очекуваат обилни врнежи од снег, со што ќе наврне нов снег со висина дури и од над 100 сантиметри.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!

 







Занимливости