ГЛАВНИОТ ВИНОВНИК ЗА СТУДЕНОТО ВРЕМЕ КОЕ ДОАЃА Е ПОЧЕТОКОТ НА ЛАДНАТА “ЛА НИЊА” Подгответе се за невреме, дожд, снег и снежна покривка
Почитувани наши, сите ние веќе знаеме дека веќе од денес, па се до самиот крај на овој месец, речиси во цел Европски Континент, вклучувајќи го и нашиот Балкански Полуостров, не очекува невообичаено студено време и со чести врнежи од дожд и снег, како и формирање на снежна покривка. Мразот во утринските часови ќе го има на многу места, а појава на снег би можело да има понекаде и на помала надморска височина.
Сите ние ќе си речеме, што се случува со времето и зошто ќе биде толку ладно? Ние добро кажавме дека веќе од овој месец завршува влијанието на топлиот Метеоролошки феномен “Ел Нињо, и започнува ладната ” Ла Ниња”. Земјата полека се лади, вклучувајќи ја секако и Европа и Балканскиот Полуостров. Температурите ќе паѓаат, што значи дека во следните години треба да се подготвиме за се пониски температури, но и поостри и по снежни зими.
Сепак тоа не значи дека не треба да очекуваме лето и високи температури, ќе го има летото тоа е многу нормално, но нема да биде како минатите лета и нема да биде екстремно топло. Следните лета ќе бидат исто така со не толку многу високи температури, но ќе има и повеќе врнежи.
Со сосема исто мислење е и познатиот метеоролог од Србија, мојот колега Иван Ристиќ, па еве што тој објави:
Почетокот на Ла Ниња носи леден воздух. Планетата се лади, а африканскиот антициклон, кој е извор на топол воздух, ќе ослабне дури и во Сахара и Мароко.
Таму се очекуваат температури под нормалата, напиша мојот колега од соседна Србија Иван Ристиќ на својот Фејсбук профил.
Погледнете што прогнозира и најпознатиот метеоролог од Хрватска, Дино Дундиќ
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]