(ФОТО+ВИДЕО) Силни врнежи од дожд и поплавувања во Македонска Каменица
Уште од изминатата ноќ, па се до утринава Македонска Каменица беше зафатена од изразено влажна и нестабилна воздушна маса која беше во склоп со циклонската активност со центар над Италија.
Токму ова услови во Македонска Каменица да има обилен пороен дожд, грмежи и ветер.
Обилните врнежи во овој дел од државава условија и поплавувања.
Инаку, поголем дел од источните предели од Македонија рано утринава беа зафатени од поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на изминатата ноќ нестабилност со дожд и грмежи имаше и во Скопскиот регион, централниот и во западниот дел од државава.
Може ќе ве интересира
Занимливости
По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море, односно ладен циклон кој ќе услови да имаме повеќе облачност и повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со повремено засилен ветер [...]


by