(ФОТО) ПРЕКРАСНА СНЕЖНА БАЈКА НА ПЛАНИНСКИОТ ПРЕВОЈ “СТРАЖА” – ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА СНЕЖНАТА УБАВИНА ЗА ПРВ ПАТ ОВАА СЕЗОНА!

Како што беше најавено од наша страна, првиот снег за оваа сезона се спушти и на помала надморска височина. поточно истата се спушти и под 1000 м.н.в, а слаб снег провеа понекаде и во градовите.

Во продолжение погледнете ја првата снежна бајка за оваа сезона на планинскиот превој “Стража” и истата ја пренесе порталот Porta.mk со кој долго време сме во соработка:

Нов влажен бран се очекува од среда кога ќе има нови врнежи од дожд и снег на планините над 1200 м.н.в и тоа особено во западните предели. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2). На планинските мста во западна Македонија снежната покривка ќе се зголеми.

Температурите на воздухот нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, што значи дека и понатму истите остануваат релативно ниски.

Во Скопје и околината исто така од среда ќе има нови повремени врнежи од дожд.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!