ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН ВО МАКЕДОНИЈА ВО ТЕКОТ НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА: Температурите ќе се искачат над 40 степени – Во соседна Грција дури над 45 степени
Топлиот бран кој ќе започне да добива на интензитет и тоа уште од утре па за време на викендот, во текот на следната седмица ќе стане дури и екстремно топол, што значи дека очекуваме екстремно високи температури на воздухот кој насекаде низ Македонија ќе надминуваат 30 степени, на повеќе места температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, додека во централните и во југоисточните предели температурите локално ќе надминуваат дури и 40 степени.
Од овој екстремно топол бран најпогодена ќе биде соседна Грција каде температурите локално ќе надминат дури и 45 степени.
За време на овој топол бран времето ќе биде сончево со мала локална облачност и суво насекаде низ Македонија. Повремено ќе засилува ветер од југозападен правец и истиот ќе биде многу топол.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Полека од север кон нашата Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. На картата можете да ги погледнете измерените температури во овие рани утрински часови низ нашата Република Македонија.