Екстремно топол бран во Македонија: Имавме тропска ноќ!
Изминатата ноќ во нашата Република Македонија на многу места беше тропска, односно, температурите во поголем дел од нашата Македонија не се спуштија под 20 степени. Времето е ведро, тешко и мачно, а и значително е поспарно.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени до 3 часот утринава низ нашата Република Македонија.
Инаку, викендов продолжува екстремно топлото време, што значи дека температурите во поголем дел од нашата Македонија ќе надминуваат 35 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат до околу, па и над 40 степени, а во Повардарието тие очекувам да се искачат и до околу 43/44 степени.
Освежување на времето и пад на температурите на воздухот ќе има од утрешната вечер и ноќ, односно недела кон понеделник 27/28 јули.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Вечерва во Македонија имаме ладно време со температури кои во најголем дел се под нулата и има појава на слана и на мраз. Времето е претежно ведро со мала локална облачност а дува и слаб до умерен ветер претежно од источен правец. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени вечерва до 21 часот во Македонија.


by