Екстремно топлото време во Македонија продолжи и денес, измерени 42 степени!
Денешниот ден (среда 23 јули) во нашата Македонија помина во знакот на сончево и на екстремно топло време, а повремено, особено во западните предели засилуваше фенски ветер претежно од западен и од југозападен правец. Инаку, нашата територија се наоѓа под влијание на екстремно топла воздушна маса која продира од југ, односно од Африка и истата условува насекаде во нашата Република Македонија да имаме екстремно топло време со екстремно високи температури на воздухот.
Најтопло денес до 17 часот беше во Гевгелија со измерена максимална температура од 42 степени.

На табелата можете да ги видите денешните максимални температури измерени до 17 часот попладнево по градови и места во нашата Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Територијата на Македонија во изминатите 24 часа до 8 часот утрово 22 април 2026 среда се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено обилни особено и најобилни врнежите беа во [...]


by